AKTO 5 - фестивал за современи уметности / 11-15.08. / Битола, MK

user warning: Duplicate entry '0' for key 'PRIMARY' query: INSERT INTO accesslog (title, path, url, hostname, uid, sid, timer, timestamp) values('[radionica] BADco. - SAM SVOJ MAJSTOR / 20.- 24. 04. 2009. / CeKaO, Zagreb', 'node/909', '', '38.107.179.208', 0, '7ln5k7ltbsfu3f0jor74jtvhh6', 654, 1329024657) in /home/tkhgenerator/tkh-generator.net/includes/database.mysql.inc on line 172.

podaci

AKTO5 ФЕСТИВАЛ
Битола, MK
11-15 август

opis

Акто е регионален фестивал за современа уметност кој вклучува визуелни и изведувачки уметности, музика и теорија на култура. Целта на Акто фестивалот е отворање на културните рамки на едно современо општество преку нивно «ре-поставување» и дефинирање во нов контекст. Акто фестивалот својата програма ја базира врз основа на два концепти.

Првиот концепт е просторот.
Просторите на Акто фестивалот се трансформираат во однос на нивните претходни значења. Основната идеја на фестивалот е излегување на уметничките форми од стандардните за нив простори (галерии, музеи, театри) и нивно поставување во нови (физички) простори. Преместувањето на уметничките форми во нови простори доведува до трансформација на самото уметничко дело (по параметарот простор).

Вториот концепт е темата на фестивалот.
Темата на АКТО_3 фестивалот е свадба. Уметничките дела на Акто фестивалот се претставуваат во 2 категории и тоа: уметнички дела кои како основна појдовна точка ја имаат свадбата и дела кои претставуваат трансформација на веќе готови уметнички форми.
Трансформацијата се случува по два параметри, новиот простор и темата на фестивалот. «Новото» дело се трансформира во однос на неговата основна форма. Трансформираното дело добива нова статика и динамика.